– Победата на Летонците е апсолутно заслужена. Знаевме дека ќе биде тешко, лошо почнавме, имавме многу загубени топки и тие го казнија тоа. Многу лошо одигравме во првата четвртина, потоа се обидовме да се вратиме, намаливме на 10 поени разлика, но не беше доволно за попозитивен резултат. Сакавме да победиме со 10 разлика, но на стартот примавме многу лесни поени, изјави селекторот Пипан, по денешниот пораз на македонската репрезентација против Летонија.
– Тешко е да се даде слика за настапот. Нe погоди поразот од Црна Гора, потоа против Литванија не одигравме подобро бидејќи бевме во шок. Следуваше одлично издание против Србите и покажавме дека имаме квалитет, но со БиХ се случи пад. Тоа беше наша најслаба игра летово. Ни недостасуваше Чековски кој е од наше огромно значење во ротацијата под кошевите. Што се однесува до Брчков, тој одигра добро, Македонија доби добар играч за во иднина. Не можам да им забележам на играчите. Тие дадоа се од себе, сакаа да ги добијат сите натпревари, но како да ни недостасуваа сили и идеи на моменти. Со кренати глави може да се вратат дома, смета Пипан.




