Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Процес Жан Моне: Собранието да ги води евроатлантските интеграции

0
By Нова ТВ on May 21, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 21, 2018 12:02

Во Собранието на Република Македонија ќе се формира Работна група составена од претставници на политичките партии, за да се поддржи имплементацијата на реформската агенда и следните чекори на процесот „Жан Моне“.

Како што информира собраниската прес-служба, на првиот дводневен неформален и отворен дијалог, политичките партии уште еднаш го потврдиле консензусот да работат заедно за земјата да напредува кон членството во ЕУ и да се интегрира во евроатлантските структури.

Со цел да се забрза овој процес, политичките партии се заложија Собранието да ја има најефикасната улога преку употреба на сиот свој демократски легитимитет, надзорната и законодавната моќ и преку започнување на серија реформи почнувајќи со итна посветеност кон усвојување нов Етички кодекс и применување итни измени на Деловникот. Исто така, беше усогласена посветеност кон поопсежна ревизија на Деловникот за да се обезбеди Собранието да биде поефикасно, транспарентно и ефективно при исполнувањето на очекувањата на граѓаните за членство во ЕУ.

Европратениците Иво Вајгл, Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн, потенцирале дека политичкиот дијалог е суштината на секој демократски процес и изразија задоволство од заинтересираност и енергична вклученост на сите наши политички партнери во процесот.

– Силни пораки на поддршка беа исто така упатени од страна на комесарот Хан и претседателите на двете најголеми европски политички парии – Европската народна партија и Партијата на европски социјалисти, се наведува во соопштението.

Вајгл, Кукан и Флекенштајн повторија дека, реформската агенда е целосно поддржана од ЕП, вклучително и Комисија за надворешни прашања и делегацијата на Мешовитиот парламентарен комитет.

Дијалогот „Жан Моне“ придонесува кон поддржување на Македонија во следните чекори на напредок на земјата кон членството во ЕУ, особено следејќи ги безусловните и позитивни препораки од страна на Европската Комисија која сега ја очекува одлуката на Советот, соопшти Парламентот.

Жан Моне
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.