Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Има ли шанси отвореното општество во Македонија?

0
By Нова ТВ on May 21, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 21, 2018 18:57

Деновиве Фондацијата Отворено општество Македонија прославува 25 години од нејзиното работење во државава. Преку низа настани и панел дебати, се разговара за идеите поврзани со отворените општества.

Завршниот таков настан го носи насловот: „Има ли шанси отвореното општество во Македонија?“. Во Соединетите Американски Држави, постои верување дека доколку некој наслов во себе содржи прашање, тогаш сигурно одговорот на тоа прашање е „не“.

Сепак десетината панелисти на настанот, вистински се потрудија да дадат одговор на прашањето.

-Борбата за отворено општество продолжува, има многу предизвици, но има и многу надеж – истакна Фани Каранфилова – Пановска, извршната директорка на Фондацијата Отворено општество Македонија.

Маја Бојаџиевска, претседателка на Управниот одбор на ФООМ, истакна дека Македонија излегла од темен период во кој постоеле отворени закани за отвореното општество.

– Јасно е дека поранешната власт се трудеше да ја затвори вашата канцеларија. Но, благодарение на цивилното општество кое и се спротивстави на репресијата, тоа не се случи – рече Патрик Гаспар, претседател на Фондациите Отворено општество.

Тој додаде дека во Македонија направен е напредок, но и дека не чека уште долг пат.

Гаспар ја спомена и личната заложба на Џорџ Сорос за Македонија да опстане како мултиетничка држава и отворено општество.

– Фондацијата целосно ве поддржува во вашите евроатлантски заложби. Не сте сами во ова – потенцираше Гаспар.

На настанот кусо присутен беше и премиерот Зоран Заев, кој мораше да си замине пред да започне отворената дискусија и пред да може да одговори на прашања од публиката, бидејќи сакаше да присуствува во Судот каде што му беше изречена ослободителна пресуда за случајот „Поткуп“.

– За време на режимот, заедно со граѓаните на Македонија го кренавме нашиот глас против заканата наречена затворено општество – се присети Заев.

Премиерот Заев изрази благодарност за поддршката на меѓународната заедница.

Наташа Габер Дамјановска која е членка на Управниот одбор на ФООМ и поранешен уставен судија, рече дека првите чекори во правец на судски реформи се веќе направени, но по нив треба да следат уште многу.

Таа се осврна и на значењето и различното поимање на зборот „правда“ кој беше еден од главните мотиви во паролата која беше често скандирана на протестите – „Нема правда – нема мир“.

Натали Петровска од Коалицијата „Сите за правично судење“ преку десетина избрани судски предмети направи осврт на она што се случуваше со правниот систем во Македонија низ изминатите години.

– Судските реформи се потребни и тоа суштински и длабински – констатираше Петровска.

Уранија Пировска, директорката на Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ, се осврна на она што се случуваше и како дојде до масовниот отпор и Шарената револуција.

– Токму судството беше механизмот преку кој власта се спротивставуваше на своите опоненти – рече Пировска.

Според Пировска, имплементирани се само 20 отсто од Планот 3-6-9 кој веќе изминал.

Пировска смета дека во правосудниот ситем требало да има построги реформи, но меѓународната заедница на тоа гледала како на реваншизам, па затоа такво нешто не се случило.

– Јас се уште верувам и тврдам дека таков процес требаше да се случи во судството – рече Пировска.

– Министерството за култура е предмет на меѓупартиски дилови – рече Пировска.

Пировска се осврна и на препораката за членоство во ЕУ. Таа вели дека и пречи што сите таа препорака ја нарекуваат чиста, кога во неа има бројни забелешки дека корупцијата е присутна во речиси сите сегменти.

– Се додека државните службеници се вработуваат партиски, тие нема да имаат свест да им служат на граѓаните, туку на патијата – рече Пировска.

Според неа, време е да се направи евалуација на реформите во судството.

Професорката Мирјана Најческа од Институтот за социолошки и политичко правни истражувања, беше најрадикална од сите панел говорници и рече дека сите судии треба да бидат отпуштени.

– Во ниту еден момент, ниту еден судија не се спротивстави на корупцијата во своите редови – рече Најческа.

Според Најческа, судиите не се осмелиле да се кренат против режимот, ниту кога тоа го направиле академиците од МАНУ.

Таа истакна дека Европскиот суд за човекови права за македонскиот судски систем смета дека е лошо организиран.

Најческа ги поттикнува граѓаните да ги анализираат судските одлуки, а некои од нив дури и да ги исмеваат.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.