Европскиот парламент (ЕП) во четврток најверојатно ќе го усвои извештајот на шпанскиот пратеник Агусто Мера од демохрстијанската група со кој се воведува суспензивниот механизам за визната политика на ЕУ.
По две години преговори помеѓу ЕП, Европската комисија (ЕК) и Советот на министрите дојдено е до договор дека ќе биде усвоен суспензивниот механизам.
Според новиот хрватски комесар Невен Мимица кој зборуваше во име на ЕК во Стразбург, ЕУ нема едноставно да го укине визниот режим.
„Бројот на азилантите е се уште голем но се намалува. Работиме со Западниот Балкан за да ја набљудуваме ситуацијата. Но ако супензивниот механизам е воведен и ако сегашната ситуацијата продолжи, една или повеќе земји членки ќе ја воведат мерката. Но треба да биде јасно дека воведувањето на мерката нема да води во укинување на слободното патување. ЕК ќе биде таа која ќе оцени дали условите за суспензивниот механизам и сериозноста на ситуацијата се почитувани”, рече Мимица.
Суспензивниот механизам не е дизаниран за Западниот Балкан туку за сите кои имаат слободен режим со Шенген. Сепак ситуацијата во Западниот Балкан бара посебно внимание бидејќи има влијание врз проширувањето и политиката на азил.
Извештајот не го подржаа социјалистите и партијата на зелените од ЕП додека демохростијаните сметаат дека тој треба да биде усвоен.
Со укинувањето на визите во 2009 и 2010 година некои европски земји членки беа поплавени од баратели на азил кои доаѓаат главно од Србија и Македонија. По поплаките на земјите членки ЕК одлучи да го воведе суспензивниот механизам со кој во текот на 6 месеци се воведува повторно визниот режим а може да биде продолжен на една година.
ЕК и земјите членки презедоа и други чекори помагајќи му на Балканот да го сопре бранот на барателите на азил. Гласањето на извештајот е предвидено за четврток.