Добротворната организација „Тартанската Армија“ на навивачите на Шкотска придонесоа со донација од 5 000 фунти до Центарот за деца „Снежана“ во Шуто Оризари во Скопје, која се грижи за ранливата категорија на деца од улиците.
Во името на шкотските фудбалски навивачи, ТАЦЦ е организација која финансиски ги поддржува едукативните, спортските, здравствените и центрите за социјална грижа поврзани со децата, насекаде каде што игра нивниот национален тим. Од 2006 година наваму, организацијата има собрано средства од над 650 000 фунти за поддршка на децата од ранлива категорија. ТАЦЦ е организација која во целост ја водат волонтери, а сите средства одат за добротворни цели.
Детскиот центар во Шуто Оризари функционира како граѓанска организација чија цел е да ги тргне децата од улиците и да им обезбеди помош при интегрирањето во општеството. Центарот одржува бројка од околу 100 деца со возраст од најраните години до 18 за кои обезбедуваат грижа за нивните животни навики, здравствена нега и образование.
Амбасадорот на ТАЦЦ, Џим Харт, кој ја посети „Снежана“ со мала делегација на ТАЦЦ, вели „организацијата има долга и успешна разновидна историја на работење рамо до рамо со добротворни организации како во земјата така и во странство, за помош и поддршка на децата со недостатоци. Ние сме среќни да ја поддржиме инспиративната работа на „Снежана“ во Скопје“.
Селекторот на шкотската репрезентација, и патрон на ТАЦЦ, Гордон Страхан изјави дека со оваа донација, Тартанската Армија уште еднаш докажува која им е целта.
„Тартан армијата се познати низ целиот свет за нивното добро однесување и добротворна работа. Донацијата на организацијата до „Снежана“ е уште еден пример на големите дела и шири позитивна слика за самите нив како и за цела Шкотска“, изјави Страхан.
ТАЦЦ веќе донирале во Македонија во 2008 година.
Во нивното резиме, велат, горди се што се номинирана добротворна организација на Шкотската фудбалска федерација. Тие имаат донирано средства до 20 странски проекти во 12 различни земји. Донациите вклучуваат игралишта, програми за обновување, за сиропиталишта, за медицинска опрема, за инкубатори за бебиња, за разни терапии.
Во Шкотска тие ја поддржуваат националната мрежа на фудбалскиот клуб ТАЦЦ и проектите за храна во пет од најсиромашните населби во Шкотска, ги носат децата на нивниот прв натпревар на репрезентацијата, и им помагаат на ранливите при славењето на Божиќ и многу други работи.
Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва во рамките на квалификациите за Светското првенство во Бразил 2014, ќе игра против решрезентацијата на Шкотска во 20:30 часот.




