Производителите на мрежни жици и заварени цевки од Србија за последните шест години изгубиле потенцијални приходи од околу 900.000.000 $ , смета Унијата на работодавачи на Србија.
Државата, како што велат тие, не вовела правила кои ќе ги заштити производители од нелојалната конкуренција од Македонија.
Неколку компании во Македонија со години го нарушуваат ЦЕФТА договорот , со издавање на лажни сертификати на своите стоки како производи со потекло од земјите на ЦЕФТА .
Македонија нема челичарница , која произведува суровина за понатамошно производство на заварени цевки , но преку нивни компании се увезува челик со послаб квалитет од Кина и Индија кои пак не се потписнички на договорот ЦЕФТА. На тој начин ги рушат цените на нашите производители , најголемите загуби поради ова ги трпи Смедерево фабриката за челик од Смедерево , вели претстасвик на Унијата во анализата на дневиот весник Политка посветена на оваа тема.
Во анлизата се тврди дека Србија трпи и други последици. Според Унијата на производители со неквалитениот матерјал од Македонија се градат објекти кои и при помал зејотрес можат лесно да се срушат.
По барање на производителите формирана е работна група за измена на правиликот. Во него како што информира надлежното министерство ќе бидат вградени порписите на ЕУ за градежни производи.




