Поради блокада на граничните премини Блаце и Јажинце од страна на македонските превозници, сообраќајот за сите видови возила е во прекин во двата правци
Невладината организција „Движење за заедничка визија” ги информира нивните членови и сите граѓани дека денеска во 17 ч. ќе реализира организирано патување до граничниот премин Блаце.
Таму ќе побараат, итно двете влади да седнат на преговори и да изнајдат трајно решение кој што ќе биде прифатливо за двете страни.
Едниот дел од членовите на организацијата ќе тргнат од кај Општината Чаир, додека другите од кај трговскиот центар „Мавровка”.
Веќе два дена Косово забрани увоз на производи од Македонија, а како одговор на тоа македонската влада донесе одлука да се наплаќа влез во Македонија од Косово.
Превозниците во знак на револт целосно го блокираат преминот Блаце, каде може да преминуваат само пешаци.




