НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

И натаму во игра се сите можни предлози за името

0
By Нова ТВ on May 29, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Се уште се отворени сите можни опции за решение за името, дознава МИА од високи извори на Владата на Република Македонија. Ниту едно име од предложените не е фаворизирано и се уште се разговара.

Во наредниве денови ќе биде познат датумот за средбата на двајцата премиери Ципрас-Заев на која ќе бидат финализирани клучните детали за решението.

Според истиот извор останува динамиката и тајмингот на конечно надминување на разликите околу името. Според веќе објавеното првиот чекор е премиерот Заев да го донесе договорот во македонскиот Параламент на изгласување, а потоа со допис Грција да го извести НАТО дека го одобрува влезот на Македонија во северно атланската алијанса. Следата фаза на 28 и 29 јуни на Самитот на ЕУ на Заев и официјално да му биде доделен датум за почеток на пристапни преговори на Македонија со Унијата, а на 11 и 12 јули на Самитот во Брисел да следува официјална покана за влез во НАТО.

Телефонскиот разговор меѓу Заев и Ципрас што се очекува наредниве три дена ќе  го покаже резултатот од неколкумесечните разговори и консултации за приближување до конечно решение. Министрите за надворешни работи Коѕијас и Димитров вчера изјавија дека тие го завршиле својот дел од работата и дека сега договорот зависи од двајцата премиери.

Според дипломатски извори на НОВА ТВ на последната лидерска средба на 19 мај во Скопје, била презентирана рамка за решавање на спорот за името според која премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, доколку постигнат договор ќе го потпишат  во Преспа на почетокот на јуни и со тоа ќе почне процедурата за прием на Македонија во ЕУ и НАТО. Според овој план, Договорот треба да биде одобрен во македонското Собрание со 61  пратеник. По ова Грција ќе испрати писмо до НАТО за да одобри прием на земјава во Алијансата и  писмо до ЕУ за поддршка за почеток на преговорите на Скопје.

На 28 јуни Заев ќе биде поканет на самитот на ЕУ официјално да го прими датумот за почеток на пристапни преговори, а на  11/12 јули Скопје ќе ја прифати официјалната покана за НАТО.

Референдум за решението за спорот за името ќе се одржи  во септември или октомври. Доколку договоорт добие граѓанска подршка,ќе  започне процесот на Уставни измени во Собранието за што е потребно двотретинско мнозинство. Истовремено  Договорот ќе  биде ратификуван и во грчкиот парламент, по што  ќе почне процесот на ратификација во другите земји членки на НАТО.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во Брисел порача дека треба да се прави јасна дистинкција меѓу стартот на преговорите и членството во унијата.

„Треба да има јасна дистинкција дека стартот на преговори не е исто што и пристапувањето во ЕУ. Ова треба да биде признаено. Има два до три изборни циклуси помеѓу двата настани, а пристапувањето е алатка што е тука да ги помогне реформите. Ако го барате истото ниво на демократска зрелост како  онаа што се бара за влез во ЕУ тогаш процесот нема смисла. Имаме искуства со земји што почнале преговори, а потоа се најдоа блокирани. Нема автоматизам. Секогаш кога се политизира овој процес тој не успева. Дали е тоа за да се турка земјата напред или да се задржи назад, ова функционира само доколку земјата е оценувана индивидуално и врз основа на заслуга, изјави министерот за надворешни работи на конференција во Брисел организирано од Европскиот Политички Центар, на прашање на модераторката околу тоа кои се аргументите на Македонија да ги убеди земјите членки кои се скептични за старт на преговори со земјата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.