Во очекување на комисиската расправа во Собранието за пристапување кон промени на
Уставот, Либералната партија упатува јавен повик до парламентарните партии за поддршка на амандманот за избор на претседател на Собранието.
Иницијативата за промени на Уставот од пратениците од мнозинството укажува дека овој
собраниски состав е подготвен да се занимава со уставната материја и да уредува прашања
во највисокиот правен акт во нашата земја. Нивниот предлог исто така укажува дека има
простор решавање на прашањата од областа на Уставот кои се од значење за политичкиот
систем во земјата.
Либералната партија ги повикува парламентарните партии и пратениците, без оглед на етничкиот состав на нивните членови и гласачи, да го поддржат предлогот на
Либералната партија за уставни измени со кои изборот на претседателот на Републиката
ќе се врши на посреден начин, во Собранието, со двотретинско и т.н. „бадинтерово“
мнозинство.
Либералната партија предвидува и избор на потпретседател на Републиката, кој ќе биде од различна етничка припадност од претседателот на Републиката, избран на ист начин и со исто мнозинство и за ова сакаме да го чуеме ставот на партиите застапени во Собранието.
Иницијативата на либералите, позната во домашната уставна пракса од 1944 до 1994, се заснова на три постулати:
– Вистинско позиционирање на претседателот на Републиката и контрола на
законодавната над извршната власт, наместо меѓу извршните власти
– Системски одраз на етничката различност на граѓаните на Република Македонија и
– Намалување на трошоците за избор на шефот на државата




