Владимир Поп-Христов се уште не и се предал на македонската полиција иако тоа го најави преку социјалната мрежа Фејсбук, заради тоа што се предомислил, и покрај советите на адвокатите, дознава НОВА.
НОВА од извори од семејството на Поп-Христови дека третиот брат, Александар, инаку познат уметник, го чекал на македонско-грчката граница својот брат Владимир, кој во последен момент се предомислил да се врати во Македонија и да се предаде на полицијата.
Портпаролот на МВР Иво Котевски за НОВА изјави дека кога кај нив ќе стигне судската одлука за распишување меѓународна потерница тие ќе го стават Владимир Поп-Христов на листата бегалци по кои трага МВР.
Пред половина час, Мио на својот ФБ профил објави статус, кој се однесува на доказ дека е откриено лековито дејство на марихуаната, со наслов “Го забавува ширењето на ракот”?
Д-р Милан Ристески, директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија, е за легализација на употребата на маслен екстракт од марихуана, кој, како што објасни, го користат болни од рак. Д-р Ристески вели дека неодамна во „Американ сајантист“ била објавена студија работена на „Харвард“, инаку трета фаза, за влијанието на канабисот врз карциномот на белите дробови.
– Удвоено е времето на преживување кај пациентите што примале маслен екстракт. Маслото од канабис содржи состојка што ги блокира рецепторите за раст на туморот. Кај пациентите во истражувањето се зголемил апетитот, а се намалило разградувањето на мускулната маса. Прашање на време е, на година-две, кога очекувам да влезе во протоколи за употреба, лекување. Тоа значи да стане официјален лек. Треба да се стандардизираат составот и дозите и да се најде оптималниот сооднос на канабиноиди – вели Ристески.
Владимир Поп Христов- Мио, брат на притворениот Кирил Поп Христов – Кили е осомничен дека заедно со својот брат произведувале и конзумирале марихуана. Владимир Поп Христов беше со своето семејство на одмор во Грција кога полицијата во Скопје го приведе Кили.
Во меѓувреме, семејството на Кили ја комплетира медицинската документација според која треба да се потврди дека Кили има здравствени проблеми со што на адвокатот ќе му биде овозможено да го формулира барањето Кили да се брани од слобода. Кили и Мио барањата за да се бранат од слобода ќе ги основаат и врз база на докази дека марихуаната ја користеле за лична употреба а не за продажба на трети лица.




