Заменик премиерот на Косово, Хајредин Кучи утре доаѓа во Македонија на разговори во Владата за надминување на проблемите кои настанаа меѓу двете држави. Кучи синоќа разговарал со претседателот на ДУИ, Али Ахмети со кого се согласиле дека оваа ситуација мора да се надмине што е можно побргу и да се нормализира пазарот како и движењето на луѓето и стоката информираат од седиштето на ДУИ.
Ахмети во седиштето на ДУИ разговарал и со амбасадарот на ЕУ во Скопје, Аиво Орав, кој ја изразил загриженоста на Европската Унија за новонастанатата ситуација меѓу Македонија и Косово и блокадите кои беа воведени од страна на двете земји.
Ахмети го информирал Орав за неговата посета во Атина и разговорите кои ги имал со Венезелос и министерот за одбрана Аврамопулос. Тој апелирал до Брисел да се ангажира повеќе бидејќи Македонија се наоѓа пред крстопат, да избере интеграција во НАТО и ЕУ или изолација.




