Вечерва се уапсени дел од луѓето кои веќе подолг временски период го бранеа малото паркче кај хотелот БристолСкопје изгледа како да има полициски час, полицијата не дозволува пристап до паркот во радиус од околу стотина метри, се легитимираат и околните станари кои сакаат да влезат во своите домови. Се оградува паркот со силно полициско обезбедување, присутни се и голем број на припадници на единицата за брзо распоредување , имено оние кои се обучувани и дејствуваат само во ситуации со висок ризик“, пишува на Фејсбук-страницата на Паркобраните.
Тие се пренесени во полициската станица Кисела Вода, а меѓу нив беше и советник во Советот на општина Центар и директорот на јавното претпријатие Паркинзи Центар, потврдија за НОВА од кабинетот на Жерновски. Според нивните информации, приведените биле подоцна пуштени.
Во полициската станица потоа стасаа и градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски и претседателот на Советот Мирослав Шиповиќ.
Веднаш потоа, во 2 часот наутро, почна оградување на паркот со силно полициско обезбедување, на теренот била присутна Единицата за брзо распоредување.
Кабинетот на Жерновски за денеска најавува прес-конференција, на која се очекува да бидат соопштени детали од приведувањата.




