Во Охрид се одржа спортската манифестација Охрид трчат, кој претставува спортски промотивен настан при што главна цел е да се направи спој помеѓу трчањето, движењето, спортот, квалитетната исхрана и здравиот начин на живот.
Околу 60 учесници меѓу кои и пациенти со ретки болести и нивни семесјства и поддржувачи трчаа за да дадат поддршка.
Оваа активност е во организација на активист на здружението на граѓани за ретки болести Живот со предизвици, Гордана Лолеска во соработка со здруженија и фирми од Охрид и Општина Охрид.
Охрид трчаТ викенд ќе се оддржува на неколку локации и во него ќе бидат вклучени неколку трки од професионален и рекреативен карактер, при тоа задоволувајќи го апетитот на повеќе социјални групи и тоа: професионални атлетичари, децата од училиштата, децата од градинките, родители, рекреативци и лица со попречености. Главните трки кои се одржаа денеска се: градска трка од 10.000 метри и рекреативна трка од 5.000 метри.
– За лицата со ретки болести ќе трчаат професионалци, но и самите лица, како и нивните родители. И професионалците, но и граѓаните ја поддржаа нашата идеја да трчаат за лицата со ретки болести и на тој начин да помогнат во подигање на јавната свест за проблемите и потребите на овие лица.За прв пат на Охрид трчаТ ке присуствуваат пациенти со 7 ретки дијагнози.
Тимот на ретките болести е поддржан и од министерот за здравство Венко Филипче, министерот за финансии Драган Тевдовски министерот за информатичко општевство и технологија како и дршавниот секретар при министерството за надворешни работи Виктор Димовски – изјави Гордана Лолеска, активист во Живот со Предизвици.
– Веќе се направени првите чекори кон подобрување на нашиот живот. Министерот Бујар Османи во 2009 година ја донесе Програмата за ретки болести (1 болест, 3 пациенти), Министерот Никола Тодоров ја зајакна финансиски, ја прошири за 30 лекови и 18 дијагнози, и започна регистар на ретки болести во 2015 година. Министерот Венко Филипче додаде три нови лекови оваа година. Очекуваме решение и за другите потребни терапии, но и за можноста за дијагноза, очекуваме да се следи план кој ќе ни донесе подобра иднина.
Остануваме на нашите барања и ги дополнуваме според потребите на пациентите и семејствата кои се соочуваат со ретки болести. – изјави Весна Алексовска, претседател на Живот со Предизвици.





