Трае полициската опсада околу хотелот Бристол во центарот на Скопје во обрач од 50-тина метри. Околу двеста припадници на единиците за брзо распоредување го имаат обиколено просторот каде што изминатите денови Паркобраните ги чуваа дрвата од нив 11-мина ноќеска беа приведени во полициската станица Кисела Вода.
Обрачот не може да го поминат ниту новинарските екипи, а отежнато е и движењето на граѓаните поради поставените полициски барикади. Местото каде треба да се издигне новата барокна зграда на Советот за Радиодифузија во текот на ноќта било заградено со метални паравани.
Со полициска наредба и дел од материјалот на репортерот на НОВА е избришан од видео камерата, бидејќи според образложанието било забрането да се снимаат полицајци во униформа.
>>Ноќва полицијата ги привела паркобраните пред Бристол
Над 400 припадници на специјалните полициски сили го “окупираат” синоќа центатралното градско подрачје кај хотелот Бристол. Полициската акција започна во 01:00 часот по полноќ со цел да ги протера активистите, кои беа собрани да го сочуваат паркот од уништување и изградба на административен објект, при што 11 активисти беа приведени.




