За жал со синоќешната полициска акција кај паркот кај Бристол, уште еднаш се докажа дека во Македонија имаме полициски час, и владее тоталитарен режим, изјави на денешната прес-конференција, градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.
Тој посочи дека според проверена информација, на синоќешниот настан во кој беа уапсени Паркобранителите, имало 200 припадници на специјалните сили за 10 лица, за што истакна дека власта уште еднаш го прави истото кога во утринските часови се носеше и ДУП-от кој го овозможи уништувањето на зеленилото и никнувањето на барокна зграда, и во исто време кога се сечеа дрвјата позади Бристол.
Според исказите на советникот на општина Центар кој синоќа беше уапсен, Дарко Атанасовски, се се одвивало како на филм, многу брзо.
Жерновски посочи дека продолжуваат и тој и Советот во битката во интерес на граѓаните.
Видео: Синоќешната полициска акција пред Бристол




