НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мичел: САД имаат активен став во решавањето на спорот за името

1
By Нова ТВ on June 7, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Помошник државен секретар на САД задолжен за Европа и Евроазија, Вес Мичел, на обраќање во Херитиџ фондацијата каде што ја промовираше стретегијата на претседателот Доналд Трамп за Европа, рече дека за САД, југоисточното крило на Европа, вклучително и Западен Балкан, е стратешки важен сегмент во одбраната од руското и кинеското влијание во регионот и Вашингтон прави активни напори за решавање на спорот за името за Македонија да влезе во НАТО.

– ЕУ го загуби фокусот на Западен Балкан во последните години и Стејт департментот зазеде став за активна улога во решавање на проблемите на Балканот – помеѓу Косово и Србија, внатрешните проблеми во Босна и надминување на ќорсокакот со спорот за името помеѓу Македонија и Грција, изјави Мичел, одговарајќи на прашања од присутните.

Тој посочи дека неодамна ги посети Србија, Косово и Македонија и дека Вашингтон е во секојдневна координација со партнерите од Германија, Франција, Италија и Велика Британија, а за решавањето на проблемите во Западниот Балкан се дискутира секојдневно во неговиот ресор.

Мичел истакна  дека САД  продолжува да игра тивка улога заедно со ЕУ, Германија и останатите и охрабрува да се најде решение за името за Македонија да стане членка на НАТО.

– На сите овие области на дневна основа трошима време и енергеија, како и ресурси за проблемите на Западниот Балкан. Не очекувам некои од овие проблеми, што се влечат многу одамна, да бидат целосно решени во скорешно време, но мислам дека правиме добар напредок, рече Мичел.

Тој исто така кажа дека САД работат активно на запирање на руската кампања на дезинформации во регионот, почнувајќи од балтичкиот регион, источна Европа па се до Балканот и Кипар.

– Постои голем предизвик со руските вложувања во Кипар и затоа работиме на тоа да го запреме руското влијание таму и во југоисточна Европа, со поцврста воена соработка со такви сојзници како Грција.

САД се против изградбата на вториот крак од гасоводот „Северен тек“, проект на рускиот енергетски монопол Газпром со кој се зголемува зависноста од руски гас во западна Европа со тоа што се заобиколуваат балтичките земји и Полска.

– Овој проект не само што прави комерцијална штета туку и ја загрозува енергетска безбедност на ЕУ. Како и „Јужниот тек“, ова е чисто геополитички проект против кого застанаа редица земји членки на ЕУ од централна и источна Европа, изјави Мичел.

Вес Мичел Преговори за името САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.