Паркобраните побараа одговор од лицето кое наредило околу 400 полицајци синоќа да ги приведат десетината активисти кои го чуваа паркот кај Бристол, местото наменето за објектот во кој ќе биде сместен Советот за радиодифузија.
Велат, луѓето кои синоќа беа уапсени од страна на полицијата, најпрво не добивале одговор зошто всушност се приведени, а подоцна им било објаснето дека го нарушуваат јавниот ред и мир. Оттаму прашањето доколку и евентуално го прекршуваат законот за јавниот ред и мир, исплатливо ли е операција според која во просек 40 полицајци би биле потребни за еден човек.
За нив не постои инвеститор, велат инвеститор на самиот објект за Советот на радиодифузија се премиерот и Владата, и тие се директно одговорни за сите случувања.
За вечерва, тие најавија собир кај Даут –пашин амам, на кој на амбасадорите на ОБСЕ ќе им прикажат ексклузивни видео записи од полициската бруталност кај паркот кај „Бристол“, а ги повикуваат сите граѓани да им се придружат и да ја дадат својата поддршка.




