НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Спорот со името ќе се реши многу брзо

0
By Нова ТВ on June 7, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев денеска порача дека спорот за името меѓу Македонија и Грција ќе се реши многу брзо.

На новинарско прашање кога ќе се реализира очекуваниот телефонски разговор со грчкиот премиер Алексис Ципрас, Заев одговори дека ѕвонењето на телефонот можеби ќе биде од македонска страна, но точното време или датум не се знае.

– Можеби ние ќе ѕвониме спрема Атина, и се надевам дека тоа ќе биде многу брзо. Јас не би давал нови коментари освен заедничкото соопштение што беше пуштено преку Министерството за надворешни работи. Тоа кажува дека навистина сме многу блиску, но е многу важно ова да биде одржливо и трајно и да биде сто отсто безбедено за генерациите што доаѓаат и ќе го крепат ова пријателство со договорот што ќе го постигнеме. Како што гледате јас останувам оптимист иако не е лесно, чуствително е но е многу важно, рече Заев во општина Желино, каде присуствуваше по повод инвестицијата за изградба на Фабриката за рециклирање гуми.

Заев додаде дека тој би сакал телефонскиот разговор да се случи уште утре, но има период до самитот на Европскиот совет на 28 и 29 јуни, а претходно е Самитот на министри на 25 и 26 јуни, и како што кажа, тие се отприлика роковите и поради овие рокови се очекува ден поскоро спорот да биде завршен.

– Ние навистина итаме ден поскоро тоа да го направиме за да знаат и парламентите на Германија, Франција на Британија и Холандија и на сите други важни земји, кои само ќе ја охрабрат позитивната одлука која е толку очекувана за Македонија, оти од 2005 сме земја-кандидат со седум чисти безусловни препораки и конечно да добиеме датум за преговори, рече Заев.

Премиерот изрази уверување дека ако се дојде до договор за името, исто така и на Самитот на НАТО што ќе се одржи на 11 и 12 јули, ќе се испорача долго очекуваната покана за полно членство во Алијансата и ќе почне ратификацијата во парламентите на земјите-членки.

– Тоа е многу сериозно охрабрување за мене лично, а верувам и за нашите граѓани, порача премиерот Заев од тетовско Желино, на инвестицијата за изградба на Фабриката за рециклирање гуми.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.