Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Награда од УСАИД за адвокатката што го откри случајот во домот 25 мај

0
By Нова ТВ on June 8, 2018 ПОЛИТИКА
Фото: УСАИД
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 8, 2018 13:32

Сенада Сали, Марија Павлеска и Сојузот на извидници на Македонија се добитници на Наградата за младинско учество за 2017 на проектот на УСАИД за граѓанско учество за нивниот придонес во развојот на своите заедници.

Наградата за извонреден придонес за младинско учество во 2017 во поединечна категорија и беше доделена на Марија Павлеска, театарски работник и на Сенада Сали, адвокат, а Сојузот на извидници на Македонија ја доби наградата во категоријата на младински граѓански организации за извонредниот придонес во решавањето на прашањата од јавен интерес преку организирање на локални иницијативи на национално ниво.

Директорот на канцеларијата за општ развој на УСАИД, Едвард Гонзалез ја пофали Марија Павлеска за нејзината посветеност во промовирање на активизмот преку уметноста.

– Таа успешно ги спои своите две пасии, уметноста и активизмот и преку театарските претстави водеше кон создавање на алтернативен простор за решавање на прашања од јавен интерес,  кажа Гонзалес.

Тој ѝ оддаде благодарност на Сенада Сали за издигнување на ранливата ромска заедница во Македонија.

– Таа е првата жена Ромка и адвокат во Европскиот центар за права на Ромите. Таа беше од суштинско значење за обелоденувањето на сексуалната експлоатација на девојчињата Ромки од вработени во државните органи за социјална работа, што доведе до судско гонење на неколку поединци и институции. Таа се бори за правда за затворениците Роми, принудно протераните Роми, децата Роми кои се предмет на сегрегација во училиштата и ромските семејства кои имаат потреба од правни ресурси, рече Гонзалез.

Додека ја доделуваше наградата на Сојузот на извидници на Македонија, тој ја потврди нивната способност да размислуваат глобално, а да делуваат локално, спроведувајќи најдобри светски практики кои се прилагодени на локално ниво.

Проектот на УСАИД за граѓанско учество е петгодишна иницијатива која има за цел да го зајакне капацитетот на граѓанските организации и на младинските групи за да се унапредат јавните политики, да се подобри квалитетот на јавните услуги, да се промовира добро владеење.

награди за граѓанско учество УСАИД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.