Published: Friday, September 13, 2013 13:46
Двајца малотеници се претепани во два одвоени инцидента во градските автобуси што се случиле во Скопје.
Првиот инцидент се случил вчера во скопското село Сингелиќ околу 13 часот во автобус што сообраќал на линијата со број 65. Бил нападнат и повреден малолетникот П.С. (16) од селото Стајковци. Напаѓачите без повод и причина му се нафрлиле и го истепале.
Пет минути подоцна во населбата Ченто во Скопје во автобус на ЈСП со истиот број 65, неколку непознати лица физички го нападнале К.Г.(16) од Скопје, нанесувајќи му телесни повреди.
Полицијата работи на расветлување на случаите и на пронаоѓање на насилниците.




