СДСМ апелира на итна разврска на кризата со Косово што силно удри по македонското стопанство.
Бараме, велат од СДСМ од косовската Влада итно да го повлече ембаргото за македонски производи. Бараме, премиерот Никола Груевски веднаш да ја укине одлуката за дополнителни давачки за граѓаните на Косово.
Од кризата, македонските стопанственици губат по најмалку половина милион евра дневно. Најмногу страдаат земјоделците и превозниците, смета опозицијата.
Го прашуваме премиерот Груевски кој има полза од трговската криза со Косово?
Зошто Груевски не се обиде да преговара за увозот на брашното со косовската Влада, како што тоа со месеци го правеше за увозот на пченица со српската Влада?
Дали Груевски знае дека во време на ембарго се случува најголемиот шверц на цигари, алкохол, огревно дрво? Македонските шуми, дрвната мафија немилосрдно ги уништува.
Парадоксот да е уште поголем, денеска Груевски разговара со бизнис заедницата на тема екологија!
Кога премиерот ќе собере храброст да разговара за економскиот колапс што и се случува на Република Македонија?




