„Топло ја поздравувам најавата на премиерите Ципрас и Заев за заедничко прифатливо решение за спорот за името. Сакам да им честитам на двете страни што постигнаа успешен договор за решавање на разликите меѓу нив. Не се сомневам дека овој договор ке ja подобри соработката меѓу двете соседни земји, а посебно меѓу луѓето.Во овој контекст, јас сум охрабрен од посветеноста на раководствата во двете земји да испорачаат заеднички бенефит за нивните граѓани преку стратешко партнерство што е основа да се интензивира соработката во сите области“ пишува специјалниот посредник на Обединетите Нации Метју Нимиц кој цели 24 години беше медијатор во решавањето на спорот за името.
Нимиц додава дека му било чест да ја има улогата на олеснувач меѓу двете страни и му се заблагодарува на Генералниот Секретар за постојаната подршка и на другите колеги во Обединетите Нации за нивниот приоднес во овој процес. Тој го споменува и неговиот претходник Сајру Венс кој неколку години исто така беше посредник во спорот за името.
„Сакам да им честитам и на двајцата министри Димитров и Коѕијас кои демонстрираа лидерство, визија и посвтенеост во преговарачкиот процес и никогаш не се откажаа од своите напори да постигнат заедничко решение за нивната нација но и за целиот регион“ пишува Нимиц.