Published: Friday, September 13, 2013 18:56
Светската фудбалска федерација ФИФА ќе покрене истрага против Фудбалската федерација на Македонија ФФМ заради наводен расизам на утакмицата за квалификации за светското фудбалско превенство.
Навивачите на Македонија расистички го навредувале играчот на шкотската репрезентација Икеа Аниу а случајот ФИФА го пријавила во ФАРЕ, организација која се бори против расизмот и насилството на фудбалските натпревари, јави Ал Џезаира повикувајќи се на новинската агенција Анадолија.
ФИФА во мај годинава усвои нови мерки во борбата против расизмот кои подразбираат одземање на бодови како и елиминација од натпреварувањето.




