Приштина и Скопје се блиску до договор за деблокирање на границата.
Јас сум во постојани консултации со владата на Македонија. Особено денеска имав неколку телефонски разговори и на добар пат сме да најдеме решение. Ќе видиме дали е потребно да одиме таму или тие да дојдат кај нас или пак, да се сретнеме на некое друго место. Наша цел е состојбата да се врати како порано, без никакви обврски да имаме слободен проток на стока, услуги, капитал и луѓе. Ние сме подготвени да ја вратиме состојбата како што беше, а позитивна атмосфера има и кај македонската страна. Нашите одлуки ќе бидат согласно достоинството на државата, интересите на нашите граѓани и согласно добрите меѓусоседски односи“,изјави косовскиот вицепремиер Хајредин Кучи.
Кучи рече и дека во преговарачкиот процес за изнаоѓање решение имало и посредници, но пред сè решението ќе биде резултат на директните контакти со македонската влада.




