Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рама и Тачи загрижени за Албанците во Македонија

0
By Нова ТВ on September 13, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 13, 2013 20:01

Косовскиот премиер Хашим Тачи зборуваше денеска за позицијата на Албанците надвор од Албанија и од Косово. Тој им честиташе на албанските политичари од Прешевската долина за започнатиот дијалог со Белград и ги повика лидерите на Албанците во Македонија да работат повеќе за нивните права, јави Алсат ТВ.

Според Тачи, 3% од Србите во Косово уживаат повеќе права од 35% Албанци во Македонија, поради што албанското раководство во Македонија треба да се ангажира за подобрување на ситуацијата. Премиерот на Албанија, Еди Рама, смета дека случајот на Албанците во Македонија е загрижувачки, поради неспроведување на постигнатите договори.

“Вистина е дека Косово се покажа многу афирмативно и 3% Срби во Косово уживаат повеќе права од 35% Албанци во Македонија. Но, тоа е прашање за кое самото албанско раководство во Македонија треба да донесе одлуки што се однесува до нивната интеграциска иднина таму и нивната положба”, рече косовскиот премиер Тачи.

“Нашата подготвеност, толку колку што се однесува до регионалната соработка, се однесува и на заложбите и заедничката работа на Албанија и Косово за реализирање на една многу јасна политика која се однесува на правата на Албанците во регионот. Приоритет во овој контекст се правата на Албанците во Македонија, не само поради бројноста на Албанците таму. Јас мислам дека приодот што треба да го има државата кон нашето ново поглавје ни наметнува да бидеме покрај Албанците каде и да се наоѓаат, без да ги броиме колку се. Како промотори што се длабоко ангажирани за мирот и стабилноста во регионот, ние сме сосема свесни за интегритетот на егзистенцијата и сме целосно заинтересирани за напредокот на Македонија која како основа го има балансот и односите меѓу албанскиот народ и македонскиот. Но, случајот на Албанците во Македонија е загрижувачки, особено поради неспроведување на постигнатите договори со посредништво на нашите меѓународни партнери или поради нефункционирањето на механизмите кои произлегуваат од тие договори“, рече премиерот на Албанија, Еди Рама, пренесе Алсат ТВ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.