Published: Friday, September 13, 2013 21:07
Владата на Македонија на денешната седница донесе одлука мерката за условен увоз на брашно да престане да важи на 15 септември во 00 часот, информира вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски на вечерашната прес-конференција.
Има најави од косовските медиуми дека ќе биде укината и нивната мерка за забрана на увоз на македонски производи. Сепак за тоа останува да одлучи Косовската влада, рече Пешевски.
Тој прецизира дека македонската мерка е направена на тој начин што по автоматизам ќе биде укината веднаш по укинувањето на косовската поради што, како што рече, не е потребно Владата да носи одлука на посебна седница.




