Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дали непотпишувањето на Иванов ќе ја одложи примената на Договорот

1
By Нова ТВ on June 14, 2018 ВЕСТИ
????????????????????????????????????
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 14, 2018 22:20

По најавата од шефот на државата дека нема да го потпише Указот за прогласување на Законот за ратификација на договорот мегу Грција и Македонија, правни експерти велат дека Иванов има право само еднаш да стави вето на Законот.

„Правниот поредок е јасен. Првиот пат кога ќе биде донесен Законот, Претседателот има рок од 8 дена да се изјасни дали ќе стави вето или не – ако се одлучи да не го потпише, Законот се враќа на работни тела во Собранието, а потоа на седница на гласање. Доколку Собранието повторно го изгласа Законот, претседателот е должен да го потпише“ вели доц.Александар Спасов, од Правниот факултет.

Доколку не го потпише,  како што беше случајот со Законот за јазици, претседателот ќе го прекрши Уставот и во таков случај ќе треба да реагираат судските и другите институции.

„Независно за кој Закон се работи, тоа е прекршување на основното начело на поделба на власта на правата и одговорностите на сите чинители на власта, во овој случај на претседателот на државата. Институциите треба да имаат своја реакција бидејќи претседателот во нашиот Устав нема право откако Собранието по втор пат ке го изгаласа законот  да не го потпишува законот“ вели Спасов.

Според него, претседателот  може да иницира постапка за оценување на уставноста на Законот и според нашиот Устав и начелото на  поделба на власта тоа е Уставниот суд – тој е државен орган што одлучува за уставноста на општите акти и уставноста на законите и на другите подзаконски општи акти.

Што се однесува до тоа дали непотпишувањето на Законот може да го блокира правното дејство на договорот, Спасов вели е дискутабилно зашто„ неможе со неправо ( непотпишувањето е неуставно и незаконско) да се произведат правни последици кои ќе се признаат како легални“.

Претседателот Иванов денеска од Софија повтори дека нема да го потпише Указот за прогласување на Законот.

„Јас не сум бил вклучен во донесувањето на тој документ и зошто да бидам јас тој кој ќе го легализира документот. Како го создале и го донеле без мое учество така и нека си го завршат без мое учество… Таа е нивна одлука и нивна е одговорноста“ рече претседателот Иванов.

 

На прес конференцијата во Владата на која беше претставен Договорот со Грција, премиерот Заев ги повика сите политички фактори  да го почитуваат гласот на граѓаните.

„Сите ќе ги кажеме своите ставови, но за вакви историски работи да оставиме шанса на успешен референдум. Ако граѓаните гласаат „за“ и конечно Макеоднија да ги отвори вратите, ние политичарите моќе да се поклониме и да го испочитуваме тоа“ рече Заев.

 

Во текстот на Договорот што го објави Катимерини во членот 2, став 4, пишува дека „откако ќе добие известување дека втората страна (Македонија) го ратификувала Договорот, првата страна ( Грција) веднаш ќе го извести претседателот на Советот на ЕУ дека подржуваат отворање на пристапни преговори и ќе го извести Генералниот секретар на НАТО дека подржува втората страна да добие  покана за влез во НАТО.

Процедурата за гласање на Законот за ратификација на Договорот во македонското собрание може да трае и 20 дена, во случај Иванов да го врати Законот назад на повторно гласање.

 

Поради ваквата долга постапка на ратификација, неизвесно е дали властите ќе успеат да го верификуваат договорот пред Советот на Европската унија кој е закажан за 28 и 29 јуни, а на кој се одлучува дали Македонија треба да добие датум за отпочнување на преговорите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.