Published: Friday, September 13, 2013 21:59
Владата на Косово е известена за одлуката на македонската влада и во склад со тоа одлучи да ја повлече одлуката за ембарго на увоз на македонски производи.
Границата ќе се деблокира во сабота навечер, соопшти Дритон Лајци од кабинетот на вицепремиерот на Косово, Хајредин Кучи.
Мерката за забрана на увоз на производи од Македонија, Косово ја воведе во понеделникот ден од како македонската влада на ноќта во сабота спроти недела воведе такси за влез на граѓаните на Косово во Македонија.




