Последната анкета што за неделникот ФОКУС ја спроведе агенцијата Рејтинг покажуваат дека македонските граѓани со недоверба и без симпатии гледаат на контроверзниот бизнисмен Субрата Рој, кој во Македонија најави големи инвестиции.
На прашањето- Какво е вашето мислење за индискиот милијардер Субрата Рој кој најавува големи инвестиции во Македонија:
38,7 проценти од испитаниците имаат целосно или главно позитивно мислење за индискиот милијардер додека 51 проценти рекле дека имаат целосно или главно негативно мислење.
Дали верувате дека ветените инвестиции на Субрата Рој во Охрид и Џумајлија ќе се реализираат?
58, 5 % од испитаниците не веруваат дека проектите на Рој ќе се остварат а 32, 5 проценти главно или целосно веруваат во ветувањата.
Само 6 проценти од граѓаните целосно веруваат во тоа дека најавените инвестиции на Субрата Рој ќе се остварат, а дури 41 проценти воопшто не веруваат во тоа. Бројот на оние што воопшто не веруваат во неговите инвестиции во однос на оние што целосно веруваат е шест и пол пати поголем. Кај овие прашања Македонците и Албанците имаат идентични мислења.




