Секој проблем е решлив преку дијалог и лидерство, изјави денес од Отешево Федерика Могерини, високата ЕУ претставничка за надворешна политика по потпишувањето на Договорот со Грција.
– Ова е добар ден за двете земји, како и за Европската Унија, Европа и Балканот. Ова е историски ден. Многумина беа скептични за договорот, а двајцата премиери и министри за надворешни работи беа истрајни за да го постигнат. Двете страни не направија горди, нас, Европејците со вин-вин солуцијата што ја потпишаа. Се надевам дека ова ќе биде инспирација за многумина во регионот да преземат храбри чекори, како и за цела Европа. Овој договор им покажа на Европа и светот дека секој проблем може да се реши со дијалог и лидерство, изјави Могерини.
Најави дека ЕУ ќе ја следи имплементацијата на договорот, бидејќи, како што кажа, тој не е значаен само за двете земји, туку и за Европа и светот.
Могерини и комесарот за проширување Јоханес Хан заедно дадоа изјави од Отешево и одговори на неколку прашања.
Могерини изрази надеж дека за две недели, на 28 и 29 јуни во Брисел, Европскиот совет ќе донесе одлука за старт на преговори за членство со Македонија.
Хан се посети да долгиот пат минат во последните години, пат што доведе до денешното потпишуање. И тој исто така рече дека се надева дека Европскиот совет ќе даде позитивен одговор на сите овие преговарачки напори и склучениот договор.
Но работата не е завршена:
– Треба да се преземат наредните чекори а сето тоа води во ЕУ интергација, секој ќе види дека ова е добар договор, добар копромис, договор во кој секој мора да попушти за да биде добро за сите. Овде сме во фантастичен пејсаж и многу може да снаправи за да подобри и овој регион. Овој договоро ќе придонесе за подобар живот на граѓаните тука, рече Хан.











