Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жерновски до Јанкуловска:Зошто Центар е под полициска опсада

0
By Нова ТВ on September 14, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, September 14, 2013 18:41

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски упати отворено писмо до министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска:

Почитувана министерке, Согласно Уставот и законите, знаете дека слободата на движење на граѓаните е загарантирана. Дали нешто се случува во општина Центар, или поточно на потегот околу хотел Бристол, за што јас, како градоначалник и жител на општина Центар, а пред се’, граѓаните, не сме информирани.

Зошто на секој чекор, на секој агол на овој простор има полиција и специјалци, полициски возила и комбиња. Зошто на улицата Македонија имате поставено барикади? Кого и што штити и обезбедува полицијата? Дали ваквото ниво на обезбедување е поради тоа што на овој простор се забележани или дејствуваат опасни криминалци и терористи?

Веќе трети ден е видливо засиленото полициско обезбедување, и граѓаните се уште чекаат објаснување од Вас дали е загрозена нивната и безбедноста на нивните деца, кои секојдневно одат во блиското училиште и градинка.

Последниве три дена добивам поплаки од граѓаните дека живеат во опсада, дека немаат право на слободен пристап до влезовите на нивните згради и дека не се чувствуваат пријатно од експонираното присуство на униформирани лица.

Сакаат да знаат што е причината и кој е непријателот. Дали се тие виновни што живеат во центарот на Скопје, каде на патот на Вашите багери се најде зеленило. Дали се тие виновни што живеат во центарот на Скопје, каде власта сака на местото на паркот да „посади“ барок?

Почитувана министерке за внатрешни работи, граѓаните, согласно Уставот и законите, имаат право да ја дознаат вистината.

Со нетрпение го очекувам Вашиот одговор.

Во прилог Ви ги доставувам фотографиите со денешната слика во центарот на Скопје.

Граѓанин на општина Центар и Градоначалник, Андреј Жерновски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.