НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

БЕСА: Македонија од денес тргна по друг пат

0
By Менче Атанасова Точи on June 17, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денес, кога се потпиша договорот за решавање на спорот со името помеѓу Република Македонија и Република Грција, Движењето БЕСА има повод да им честита на премиерите Заев и Ципрас, како и на министрите за надворешни работи, Димитров и Коцијас, за овој успех со историски размери за нашата земјата, се вели во соопштението на партијата БЕСА.

„Иако ние, како Албанци, можеби би направиле некои поточни формулации во некои делови од договорот – а кои се однесуваат на етничките и јазичните идентитети во земјата, сепак кога се има во предвид дека овој договор е голем чекор за членство во НАТО и отворање на преговорите за ЕУ, ова можеби е нашиот компромис. Ако, со овој договор, Македонија и Албанците во неа се спасуваат од „ризичната“ и „огнената“ зона, ако се спречува можноста за дестабилизација, ако се создава безбедност, ако се отвораат патишта за економски развој и ако се воспостави правна држава, тоа е доволен материјал и етничките права на Албанците во иднина да се усогласат со европските стандарди. Најважно е што Македонија од денес тргна на друг пат, се вели во соопштението.

Втор важен момент за нас е фактот што Движењето БЕСА стана дел од парламентарното мнозинство и на владата токму за овие причини, кои денес се валоризираат. На овој историски чин ние бевме на страната на интеграцијата и стабилноста. Затоа, ние се гордееме што денес реализиравме еден дел од нашата должност кон нашите гласачи Албанци и кон другите граѓани на земјата. Најголемиот „колач“ за нас е веќе добиен – Македонија чекори сигурно кон НАТО. И, за разлика од некои други партии во минатото, кои подржуваа влади со оправдување „за НАТО“, ова кај нас не беше празно ветување, туку нешто со веќе станува реалност.

Трет важен момент е нашето барање, со новото државно име, да се делат етничките идентитети од државниот идентитет, што со овој договор е неминовно исполнето. Сега “Мацедониан” нема да биде државна припадност, туку само етничка припадност, а сите граѓани на земјата стануваат подеднакво исти – „граѓани на Република Северна Македонија“. Ова е во духот на платформата РЕДЕФИНИРАЊЕ на Движењето БЕСА, бидејќи на овој начин државата се деетнизира и од моноетничка се претовара во вистинска мултиетничка држава.

На крај треба да истакнеме дека за поздравување е и тоа што со овој договор не се загрозува етничкиот идентитет на македонскиот народ и на македонскиот јазик, бидејќи како што сме се изјасниле и порано – во ниту еден случај не би сакале, со ваквиот договор, нашите сограѓани да претрпат штети од тој тип.

Општо земено, Движењето БЕСА го поздравува договорот, кој не е историски само заради тоа што решил еден долгогодишен проблем, туку дотолку повеќе што отвора едно ново историско поглавје за нашата земја. Затоа ја користиме оваа прилика на сите Албанци и други граѓани во земјата да им го честитаме овој успех и да ги поканиме да се ангажираат во негова имплементација, бидејќи само на таков начин отвораме пат за кој ќе ни бидат благодарни и наредните генерации“, се вели во соопштението.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

ВЕСТИ August 7, 2025

Повисоките царини на претседателот на САД, Доналд Трамп, кои се движат од 10 до 50…

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.