Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анима Мунди со остра реакција до Општина Центар

0
By Нова ТВ on September 15, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, September 15, 2013 12:22

Невладината Анима Мунди излезе со реакција за одлуката на Општина Центар за забрана за чување на кучиња кои постојано лаат.

Ви ја презентираме во целост нивната реакција:

Најостро ја осудуваме и бараме да се отповика Одлуката за комунален ред на Советот на општина Центар, со која се донесе забрана за чување на кучиња, доколку истото не биде писмено одобрено од мнозинството станари. Одлука во која меѓу другото пишува дека не смее да се чуваат животни кои постојано лаат.

Оваа одлука е скандалозна и нехумана (како што човек зборува, така кучето лае); дискриминирачка во однос на сите граѓани кои имаат животно (кој ги штити нив од произволни толкувања, пријави или каприци на другите сожители?), нефункционална (зошто нема да направи никому ништо добро) и опасна (зошто масовно може да ја зголеми бројкатана исфрлени животни на улица!).

Оваа одлука ги компромитира советниците на општина Центар кои истата ја поддржале, ја компромитира нивната човечност.

1. Почитувани Советници, тој кој чува куче, уредно плаќа данок и придонесува на општината.
2. Тој што чува куче, можеби истото го вдомил од улица – со што и помага на општината да се намали популацијата бездомни кучиња на улиците.
3.Тој кој чува куче е подеднакво изложен на бучава или друг вид реметење на јавен ред и мир кое може да биде од повеќе извори. Но вие, со донесување на оваа Одлука, по автоматизам го дискриминирате и правите заложник на самата општина, како и потенцијален заложник на неговите комшии.
4. Кучето со векови живеело со човекот и тоа не е предмет, туку дел од човековото семејство.
5.Оваа Одлука е непозната за европските стандарди и доколку не се отповика, ќе наиде на огромни осуди.

Ви посочуваме дека животните се живи и чувствителни битија, а кучињата и мачките (домашните миленици) имаат посебен дел во животите на луѓето со векови.

Прв битен доказ за европскиот напредок во однос на животните е европската Конвенција за заштита на животните-миленици во 1987г (Совет на Европа, Договор бр. 125). Цитираме:
„Човекот има морална обврска да ги почитува сите живи суштества и да има на ум дека домашните миленици имаат посебен однос кон човекот; Да се има предвид важноста на милениците во нивниот придонес кон квалитетот на живеење и нивната вредност во општеството „
***
АПЕЛИРАМЕ ДО СОВЕТОТ ВЕДНАШ ДА СЕ ОТПОВИКА ДОНЕСЕНАТА ОДЛУКА КОЈА НИКОМУ НЕМА ДА МУ НАПРАВИ ДОБРО.
СТОИМЕ НА РАСПОЛАГАЊЕ ДА ПОМОГНЕМЕ ВО КОНЦИПИРАЊЕ СООДВЕТНА ОДЛУКА, ФУНКЦИОНАЛНА, ЕФИКАСНА, НО ТАКВА КОЈА ЌЕ ГИ ШТИТИ И ЛУЃЕТО, И ЖИВОТНИТЕ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.