Published: Sunday, September 15, 2013 15:10
Сиетсе Бакер, супервизор на Евросонг ги отфрли информациите дека и Македонија купувала гласови со објаснување дека тоа се „шпекулации без никаква основа“ пишува пишува британски Индепендент.
Бaкер потврди дека Азербеџан е под истрага, отфрлајќи ги информациите од анонимни извори дека не биле заинтересирани да го расчистат случајот.
-Интересно е што овие анонимни извори тврдат дека не сме заинтересирани за истрага, или да превземеме акција, а фактички ние тоа го правиме и сме многу отворени, изјави Бaкер.




