Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пожар Велес: Родителите на распит, ОЈО најавува долго вештачење

1
By Нова ТВ on June 21, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 21, 2018 13:25

Основното јавно обвинителство Велес заедно со екипа на СВР Велес денеска продолжија со истрагата на терен во остатоците од изгорената куќа кај велешкиот рид Вршник, каде загинаа три малолетни деца од четири, две години и единаесет месеци.

Од вчера теренот кај изгорената куќа го обезбедува велешката полиција.

Гордана Тодорова в.д. јавен обвинител од ОЈО Велес за МИА изјави дека јавен обвинител утрово заминал на увид на терен. Првиот увид по настанот, како што рече, завршил доцна синоќа.

– Ќе се врши подолго вештачење за да се утврдат причините за настанување на пожарот во кој животот го загубија три малолетни деца. Мислам дека денеска не ќе можеме да кажеме кои се причините за пожарот, бидејќи очекувам вештачењето да трае подолго. Инаку денеска по наредба на ОЈО ќе биде извршена обдукција на телата на децата и нивна идентификација, бидејќи истите по пожарот се најдени јагленосани, појасни Тодорова.

Родителите на починатите дечиња, денеска се на распит во велешката полиција.

Според првичните сознанија на јавниот обвинител, родителите ги заклучиле децата и заминале во продавница. За тоа време од засега непознати причини избувнал пожар и за кратко време ја зафатил куќата.

Како што објави синоќа ОЈО, надлежниот јавен обвинител од ОЈО Велес работи на расчистување на околностите на настанот и за утврдување евентуална кривична одговорност.

Инаку, според Територијалната Противпожарна единица од Велес, пожарот кај нив бил пријавен од граѓанин во 16:05 минути, по што тие со теренско возило за гасење со џип наменет за непристапен терен веднаш се упатиле кон на ридот Вршник во високиот дел на градот на ул.„Даре Џамбаз“ б.б.

Трошната куќа со една соба е на непристапен терен во долот на ридот Вршник, во шумата, оддалечена стотина метри од последните куќи.

– Кога стигнавме кровот на куќата беше паднат и ние гасевме, тука беа и родителите, а со нас цело време расчистуваше и таткото. Помисливме дека децата можеби успеале да избегаат од пожарот. Но по расчистувањето на паднатиот кровот во еден агол ги најдовме двете деца, на четири и две години, а под нив и единаесетмесечното бебе. Глетката беше страотна, бидејќи телата на децата беа целосно јагленосани, вели командирот  на велешката Противпожарна единица, Љупчо Лепидовски за МИА.

Семејството на четириесетгодишните Никола и Марина со четири деца било социјално загрозено и собирало пластични шишиња. Кога се случил пожарот, во куќата не бил нивниот поголем син Стефан, кој во тоа време собирал шишиња. Родителите заминале во продавница за да купат храна и притоа ги заклучиле децата.

Од Министерството за труд и социјална политика денеска соопштија дека семејството било евидентирано во системот на Центарот за социјална работа во Велес и биле корисници на социјална парична помош.

Општината во соработка со Центарот за социјална работа се ангажирани за организирање на погребот за настраданите деца.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 6, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

ВЕСТИ July 6, 2026

 Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот изрази оптимизам за напредокот кон завршување на војната во…

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.