Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Локалните медиуми и секуларизмот

0
By Нова ТВ on June 24, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, June 24, 2018 16:18

Пишува Суад Бегановиќ, Прометеј, Босна и Херцеговина

Босна и Херцеговина е неписмено општество во модерна социјална смисла. Иако ова тврдење звучи преувеличено, податоците кои ги даде последниот попис на населението од 2013 година, го поткрепуваат ова тврдење. Таквата ситуација влијае на медиумската писменост, а медиумите стануваат важен фактор во таквото општество, бидејќи општеството со ниска писменост е подложно на медиумска индоктринација.

Меѓутоа, за правилно да се разбере зошто општеството во БиХ е неписмено, потребно е да се препознае контекстот и да се внесе историски поглед. Југославија направила многу да се искорени неписменоста и го подигнала стандардот до недостижни височини наспрема претходната состојба, на ранг со останатите земји во тоа време.

Денешната БиХ останала во минатото. Податоците за 80.000 неписмени зборува дека постои многу стари личности, мнозинството од женска популација кои не оделе во училиште во Југославија, и покрај казните од тогашниот систем. Во проценти, тоа е помалку од 3 отсто неписмено население. Во општество од пред неколку децении тоа е одлична статистика.

Меѓутоа, денешниот контекст не го смета само препознавањето на буквите како писменост. Дигиталното време воведе и поим на информатичка писменост. Причината е разбирлива, без компјутерите денешното општество би било радикално поинакво. Во тој сегмент, податоците се катастрофални.

– Од вкупно 3.180.115 лица постари од десет години, информатички неписмени се 1.229.972 или 38,7 отсто.

Информатичката писменост се дефинира како способност да се обработи тексти, да се изработи табела, да се користи електронска пошта и интернет, додека личност која не знае да направи ниту една од наведените активности се смета за компјутерски неписмена, наведува Н1 повикувајќи се на податоците од пописот.

Последица на овој феномен е осуденоста на телевизија на дел од популацијата, или доколку постои пристап до интернет, непостои критички апарат за препознавање на објективно известување. Тоа особено се однесува на медиумите од локален карактер., кои не се како големите медиуми под радарот на академските работници, останатите новинари и аналитичари кои можат да реагираат на новинарското застранување.

Речиси секој град во БиХ има своја локална телевизија и радио. Радиото е утринска активност во превозот, бидејќи не бара визуелно учество. Телевизијата е вечерна активност. Со оглед на патријархалното уредување во БиХ, каде жените се почесто дома, телевизијата често е прилагодена на таквата ситуација во општеството.

Истовремено, локалните медиуми се по правило во целосна контрола на локалните политички моќници, кои тие медиуми ги користат за своите политички цели, меѓу кои се наоѓа национализмот како опиум и желба јавноста да биде забавувана со апстракции наместо со конкретни проблеми.

Огромен удел во програмите на локалните медиуми паѓа на религиските теми. Поедини медиуми имаат повеќе од еден час верска програма секој ден. Дури и информативната програма редовно изобилува со информации за одржување на разни религиски манифестации. Верските лица се редовни гости на дебатните емисии.

Обратнпропорционален е уделот на едукативни емисии, како и асоцијација на секуларизам. БиХ е секуларна држава, но несекуларно општество. Кога за тоа би се зборувало во однос на локалните медиуми, за секуларноста не би можело ништо да се дознае. Иако таквите податоци не постојат, скоро е невозможно да се пронајде и неколкуминутна програма за секуларизам или атеизам на неколкуте десетици локални медиуми.

Локалните медиуми својата работа ја работат перфектно. Со оглед на тоа дека се недоволно важни, се што објавуваат останува под радарот, па така се идеален алат за клерикалната логика која управува со оваа држава. Се е спуштено за скала подолу, се е сведено во сфера на полуаматеризам и на ниво на една малку поголема локална и верска заедница. Законот за клевета не постои во практика, па тужба по истата основа дури и да не постои, ни како куриозитет. Проектот кој во БиХ го започнале младомуслинатие најубедиво успеа на локално ниво, а видлив е и во работата на локалните медиуми. И се додека се прашуваме од каде национализам, а забораваме на малите градови, малите групи, малите локални телевизии, одговорот нема да биде ни целосен, ни точен, бидејќи во локалните медиуми нема антинационализам, нема опозиција, нема критика и нема секуларизам. А сето тоа е дел од писменоста.

*„Проектот е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на медиумските слободи и слободата на говор во Западен Балкан“ имплементиран од Здружението на новинари на Хрватска како дел од Регионалната платформа за застапување на медиусмките слободи и безбедност во Западен Балкан во партнерство со шест организации од регионот (Независното здружение на новинари од Србија, Здружението на новинари од БиХ, Хрватсото здружение на на новинари, Здружението на новинари од Македонија и Унијата на медиумите од Црна Гора”.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.