„Признавам јавно: Се што правам последните седум години е раск..цување на наркодилерската извршна власт во Република Македонија…“, напиша денеска на својот Фејсбук профил, Зоран Божиновски откако поратлот Прес 24, објави дека меѓу осомничените во полициската акција „Шпион“, кој сеуште е недостапен за полицијата, е и новинарот Зоран Божиновски, кој се водел под името “Луди Милојко”.
Божиновски на ФБ вели: „Нека распишат потерница по мене, па во процедура ќе си дојдам во Скопје да се соочиме со Мијалков и Груевски. Ако сакаат циркус ќе го имаат допрва. Мислев до денес немам рејтинг, дека не сум фактор, дека не ме бива, дека сум утнал се. А тоа полн погодок!“

Во полициската акција „Шпион“ од синоќа до денеска се уапсени 17 лица, а осомничени 22 лица. Според полицијата три лица се во бегство, а двајца во затвор. Истрагата траела две години, а се товарат за кривични дела шпионажа, уцена и измама.




