Режисерот Борис Дамовски, еден од приведените во полициската акција Шпион, за НОВА изјави дека е пуштен на слобода пред еден час и дека се однесувале многу коректно со него.
На распитот Дамовски во полиција бил испрашуван за врските со луѓето кои се приведени- се работи за 17 луѓе, меѓу кои Марјан Маџовски, шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието на РМ од 2005 година, генерал Горан Стојков, Аце Диневски поранешен функционер од Агенцијата за разузнавање, Мичо Насковски, екс-генерален директор на Бетон, како и припадник на цивилната служба на АРМ, кој бил вработен во Секторот на човечки ресурси, дознава НОВА.
Покрај нив уапсен бил и вработен во Агенцијата за разузнавање со албанска националност, чиј идентитет не се соопштува.
Во полициската акција „Шпион“ од синоќа до денеска се уапсени 17 лица, а осомничени 22 лица. Според полицијата, три лица се во бегство, а двајца во затвор.
Во акцијата „Шпион“ на која МВР работела две години, а се товарат за кривични дела шпионажа, уцена и измама, при што давале информации на разни странски служби- МВР засега не дава детали за кои земји станува збор.