Published: Tuesday, September 17, 2013 11:32
Гордана Ристеска, долгогодишна новинарка на весникот „Нова Македонија“, почина на 69-годишна возраст. Ристеска беше новинар во внатрешно политичката и во надворешно политичката рубрика на весникот.
Во својата долгогодишна кариера, таа беше и уредник во „Нова Македонија“, коментатор, како
и постојан дописник од Москва и од Тирана. Со своите текстови, коментари, но и извештаи за бурните настани во поранешниот СССР, како и за настаните во Албанија во деведесетите години по падот на пирамидалните штедилници, Ристеска остави длабока трага на страниците на весникот.
Погребот на Гордана Ристеска ќе биде извршен денеска на Градските гробишта во Бутел во 15 часот.




