Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Датумот за преговори поттик за реформите

0
By Нова ТВ on June 28, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 28, 2018 09:04

Македонија да го искористи добивањето условена препорака како охрабрување и поттик за натамошно спроведување на реформите, порачуваат европратениците Иво Вајгл и Едвард Кукан, а слична порака вчера упати и францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.

И еврокомесарот за проширување Јоханес Хан укажа на потребата од продолжување на реформите, посебно во делот на владеењето на правото и слободата на медиумите. 

Европската комисија, пак, соопшти дека паралелно со подготовките за почеток на преговорите, ќе продолжи да поддржува опипливи и одржливи резултати, особено во областа на судството, борбата против корупцијата и јавната админстрација.

„Македонија треба да го сфати ова како охрабрување. Можеби подолго чекаа, но со оглед на условите и на ситуацијата во ЕУ мислам дека ова е позитивна одлука и поттик да се продолжи со реформите. Позитивно е што реформите ќе бидат мониторирани од Комисијата“, истакна Кукан за МИА.

Според Вајгл, Македонија доби гаранции дека влегува во процесот на приближување кон ЕУ и треба да се искористи времето што ќе помине до формалниот почеток на преговори во 2019 за интензивна работа врз економските и општествените реформи.

„Се работи за урамнотежен текст кој ги одразува напорите направени од страна на оваа земја и напорите кои останува да се направат. Со еден збор да кажам, „напред, одете само напред“, е оценката за условената препорака што ја изнесе францускиот амбасадор Тимоние пред промоцијата на книгата „Европа, нашиот заеднички дом“.

Во обраќањето на РОС-РОТ семинарот што се одржува во Собранието на Република Македонија, премиерот Зоран Заев вчера напомена дека одлуката за почеток на преговорите со ЕУ е мотивирачка и дава стимул земјава да продолжи понатаму. Македонија, освен на решавањето на спорот со името, ќе работи, рече Заев, и на спроведување на реформите што од неа ги бараат ЕУ и НАТО за што има и општествен консензус.

„Одлуката на Советот за општи работи на ЕУ во Луксембург е јасен патоказ за иднината на Македонија, ни дава стимул да продолжиме понатаму“, потенцира премиерот.

Европската Комисија ја информира јавноста дека по заклучоците на министрите за надворешни работи на ЕУ за условен старт на преговори со Македонија и Албанија, ќе почнат подготовките за тие преговори.

„ЕК сега ја почнува работата на подготовки, како што стои во заклучоците на Советот, и ќе продолжи да поддржува опипливи и одржливи резултати, особено во областа на судството, борбата против корупција и јавната админстрација кои имаат голем импакт врз секојдневниот живот на граѓаните“, рече портпаролот на Европската Комисија Маргаритис Шинас.

Според завчерашната одлука на Советот на ЕУ, со исполнување на поставените услови Македонија и Албанија ќе можат да почнат преговори за членство во јуни 2019 година. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.