НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хан за РСЕ: ЕК веднаш ги почнува подготовките за скринингот

2
By Нова ТВ on June 28, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европската комисија веднаш ги почнува подготовките за скрининг процесот за Македонија и Албанија кои добија условен датум за почнување на преговорите во средината на идната година, вели еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во интервју за Радио Слободна Европа.

Еврокомесарот Хан вели дека со одлуката на Советот за општи работи Комисијата има зелено светло да ги почне подготовките со цел да започнат официјално преговорите кон средината на идната година.

„Тоа треба да води кон Меѓувладината конференција на која би требало до крајот на идната година да бидат отворени првите поглавја“, посочува Хан.

Во врска со тоа дали е тој сигурен дека тоа ќе се случи во јуни 2019 година и оти ниту една членка не ќе може да го запре тој процес, Хан вели дека скринингот зависи од ЕК и тоа е многу сеопфатна задача и работа.

„Според моите луѓе, тоа се повеќе од сто конференции каде што треба да се анализираат сите различни елементи. Тоа е предизвик за владите, особено администрацијата и ние ја имаме таа амбициозна цел“, наведува Хан.

Запрашан за тоа каква порака им се испраќа на Скопје и Тирана со ваквиот условен датум за преговори, Хан вели дека „граѓаните на идната Северна Македонија и граѓаните на Албанија на ова треба да гледаат од многу позитивна перспектива“.

„Не би сакал да кажам половина полна чаша, туку скоро 90 проценти полна чаша дека огромно мнозинство од земјите членки ги препознаа сите нивни достигнувања и треба да се сфати дека ова е многу силна посветеност од политичките лидери, исто така и од граѓаните за решенеоста во врска со нивната европска перспектива. И ова е добра можност да се уверат трите членки оти нивниот поскептичен поглед кон овие земји не е оправдан“, вели Хан.

На граѓаните им порачува дека треба да се гледа во суштината и не само што сега е договорено, туку и што треба да се направи.

„Како што претходно реков, сега имаме задача веднаш да почнеме со подготовителната работа. Се надевам нема да губиме време, нема да чекаме до есен да ја почнеме работата“, истакнува Хан.

Еврокомесарот, чиј мандат како комесар за проширување истекува во 2019 година, на прашањето како може да осигура дека тоа навистина ќе се случи поради промената во Брисел, наведува дека станува збор за преговори меѓу институциите.

„Најпрвин тоа се преговори меѓу институциите. Секако тие се водени од луѓе, но мислам ќе сториме се во ова предизвикувачка временска рамка. Секако би сакал да го завршам она што го почнав во почетокот на мојот мандат и да се добие зелено светло за време на мојот мандат. Секако во ова инвестирав многу и многу сум мотивиран да успеам, но уште еднаш станува збор за соработка и работа меѓу институции“,  наведува еврокомесарот Јоханес Хан.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.