Основното јавно обвинителство Скопје за гонење на организиран криминал и корупција денеска до Основниот суд Скопје 1 поднесе барање за спроведување истрага со предлог за определување на мерка притвор против 20 обвинети за кривични дела злосторничко здружување, шпионажа, уцена, измама, оддавање на државна тајна и кривично дело изнуда.
Како што е наведено со соопштението на Судот, приведени се 17 обвинети. Тројца од нив на кои се однесува барањето за спроведување истрага се недостапни на органите на прогон.
Во тек е распит на обвинетите од страна на истражен судија при Одделението за организиран криминал и корупција.
За натамошниот тек на постапката, а по извршениот распит на обвинетите и донесената одлука јавноста ќе биде дополнително информирана со соопштение.




