МВР по вчерашните приведувањата во акцијата наречена „Шпион“ поденесени се 20 кривични пријави, обвинетите се теретат за следниве кривични дела злосторничко здружување, злоупотреба на положба, измама, уцена и шпионажа.
На денешната прес-конференција, министерката Гордана Јанкуловска истакна дека обвинетите работеле за една соседна држава, кои за возврат се стекнувале со правна и имотна корист, патувања, како и пари. Таа не сакаше да открие за која држава станува збор.
Јанкуловска откри дека организираната група започнала со работа уште во 2005 година кога првоосомничениот Марјан Ефремов, добил отказ од Агенцијата за разузнавање. Тој се здружил со второ и трето осомничените кои се вработени во Агенцијата за разузнавање и со уште двајца вработени во државните институции започнале со криминалните активности против државата.






