Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Некултурните пратеници ќе плаќаат казни

0
By Нова ТВ on September 17, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 17, 2013 16:58

Буџетот да се гласа во претпоследниот четврток во декември, собранието да има свое обезбедување, парични казни за некултурните пратеници, неутрална зона околу парламентот, се дел од правните барања на ВМРО-ДПМНЕ, со кои се бара измени во Законот за собрание, Кривичниот законик и во Деловникот на парламентот, јавува новинската агенција МАКФАКС.

Според СДСМ предлогот на ВМРО-ДПМНЕ со кој се бараат измени во Законот за собрание, Кривичниот законик и во Деловникот на парламентот, е отстапка од договореното и обид за блокирање на работата на групата за Извештајот од 24 декември.

Измените според планираното, ќе бидат доставени до пратениците кои учествуваа во работната група што работи на препораките од Извештајот за 24 декември, а откако ќе се „испеглаат” разликите, да им бидат доставени до пратениците на гласање.

Владејачката партија предлага собраниските анкетни комисии да имаат рок за работа и да има процедура како да се повикуваат сведоци и што да се направи, доколку не биде донесена одлука.

„Предлагаме буџетската постапка во парламентот да трае три месеци. Предлог-буџетот да ни биде доставен на три месеци пред истекот на фискалната година. Во постапката за буџетот предлагаме да има план за работа, расправа за општиот и амандманскиот дел, како и точно утврден ден, поточно претпоследниот четврток од декември. Да има посебни седници за буџетот. Секој пратеник да има 20, координаторот на пратеничката група да може да говори 30 минути, а предност во расправата да имаат членовите на работните тела од Комисијата за финансирање и буџет”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Амандманите би можело да се поднесуваат најмалку три дена пред амандманската расправа, а не два дена, како што е до сега.

„Во Етичкиот кодекс се предвидува казни за пратениците кои ќе се однесуваат несоодветно и некултурно, ќе навредуваат или ќе омаловажуваат колега. Казните ќе бидат во три чекори. Првата казна ќе биде опомена, втората опомена пред исклучување од седница, а третиот чекор ќе биде отстранување од седницата во траење од еден до пет дена и парична казна од пет проценти за секој казнен ден”, вели Димовски.

За СДСМ ваквите измени се отстапка од договореното во работната група формирана за спроведување на заклучоците од Ад хок комисијата за настаните од 24 декември.

„По две недели работа и три средби претставниците на ВМРО-ДПМНЕ го променија своето мислење, однесување и договор со кој заеднички функциониравме и во таа смисла се договоривме да работиме на два приоритета, а тоа е буџетот и корекција на ограничување, временски и скратени постапки. Тие вчера изненадувачки го променија своето мислење што е прилично несериозно и неодговорно за работа на работна група во која сите одлуки се носат со консензус. СДСМ смета дека предлозите на ВМРО-ДПМНЕ кријат политички маневар за потенцијално блокирање на работата на работната група и непостигнување на консензуален договор”, рече Игор Ивановски, член на работната група.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.