Според податоците на Државниот завод за статистика, во II тримесечје од 2013 година активното население во Македонија брои 952. 327 лица од кои вработени се 678. 467, а 273. 860 лица се невработени.
Стапката на активност во овој период е 57,1%, стапката на вработеност 40,7%, додека стапката на невработеност 28.8%. Според достапните податоци за бројот на невработени, последен пат Македонија имала невработеност под 28% во 1993 година, кога изнесувала 27,7%. Во истовреме се намалува и стапката на активно население. Загрижува податокот што во 2012 во активно население се регистрирани 178.788 со високо образование додека во оваа 2013 се регистрирани осум иллјади помалку во оваа категегорија или 170.448.
Врз основа на степенот на образование, најголем дел од невработените или 111.441 се со средно образование, потоа 71.026 од невработените имаат само основно образование, а вкупно 40.964 лица со завршено високо образование, се без работа.




