Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зошто диктатурите долго траат?

0
By Нова ТВ on September 18, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 18, 2013 11:24

Автократските владејачки системи не се легитимирани на избори, нивната власт се потпира на сила и угнетување. Како можат и покрај тоа да најдат поддршка кај народот и колку долго тоа може да функционира?

Во речиси секоја втора земја во светот владее авторитарен режим, истакнува политикологот, професор Кристоф Стифес од Универзитетот Колорадо во Денвер, САД. Тој по порачка на Научниот центар за социјални истражувања од Берлин раководеше студиски проект на тема – авторитарни режими, чии првични резултати се веќе познати, се вели во анализата на Дојче Веле на Македонски јазик.

Но, што се воопшто автократски режими? Често се дава упростено објаснување: сѐ што не е демократија. Демократијата се препознава по тоа што „пристапот кон власт е отворен и најважните позиции се пополнуваат преку слободни избори“. Во истражуваните држави се вбројуваат сите „апсолутистички монархии, воени режими и секоја еднопартиска држава, но и повеќепартиските системи во кои уште пред изборите е познато кој ќе биде победникот“, истакнува политикологот.

Три столба на моќта

Научниците упатуваат на три фактори на кои се потпира моќта на автократските режими: легитимација, репресија и партиципација. Овие три столба се условени меѓусебно и сѐ додека се во рамнотежа, овозможуваат властодржецот да биде сигурен на фотелјата.

Под партиципација се подразбира поврзување преку учество, вклучување на поданиците во власта: на луѓето им се нуди учество во режимот, со што можат да профитираат од него. Така создадената солидарност се базира на неприкосновеноста на моќта на диктаторот, кој го одобрил ова учество. Партиципацијата е најслабиот од трите столба, тврди студијата. Таа има најмало влијание врз стабилноста на еден авторитарен режим.

Репресијата, потиснувањето на сите нееднакви мислења е силен инструмент. Притоа, постои разлика меѓу груба и суптилна репресија, истакнува Стифес во разговор за Дојче веле. Пример за „блага“ репресија може да се најде во Русија. Таму, одвреме-навреме се растураат демонстрации и се апсат опозиционери, но најчесто угнетувањето се одвива сокриено: „Неомилените новинари се дискредитираат преку понижувачки обвинувања или на критичарите на режимот им се ’закачуваат на врат’ даночни инспектори“. „Мора да се признае, господин Путин тоа го прави мошне умешно“, вели Стифес.

Груби и суптилни мерки

Груби мерки како апсење и мачење или киднапирање и убиства на владините противници за владетелите-насилници се меч со две острици. Од една страна тие го зголемуваат стравот на потчинетите и ги прават зависни, од друга страна пак уште повеќе ја поттикнуваат опозицијата: ако ваквите злодела излезат на виделина, тоа ја загрозува власта на дикаторот.

„Благите“ мерки, кои опфаќаат и целни промени во даночното законодавство или замрзнувањена банкарските сметки, можат да бидат спроведени полесно и поневоочливо. Бидејќи за нив ретко се известува во медиумите, и нивниот потенцијал да предизвикаат огорчување е помал, па на опозицијата само малку ѝ лиферуваат аргументирачка муниција.

Легитимацијата е клуч за успех

Најголем ефект за зачувување на власта на еден авторитарен водач или недемократски режим има легитимацијата. Додека во една демократија секоја влада се легитимира преку избори, властодршците во диктатурите мора сами да си ја обезбедат својата легитимација.
Средство за легитимација може да биде апелот, будењето на националистичките инстинкти, како што направи на пример српскиот властодржец Слободан Милошевиќ, или идеологија како комунизмот која ја создаде диктаторот од Камбоџа, Пол Пот. Фидел Кастро на Куба ги направи двете работи: заигра на националистичка карта против „лошиот сосед“
САД и својот народ го насочи кон комунизам.

Друг начин е ветувањето економски успеси. Во Кина на пример, Комунистичката партија благодарение на овие ветувања не мораше да стравува од протести. Колку добро функционира тоа, се увери и самиот Кристоф Стифес. За време на неговите предавања како професор во Кина, ги прашал студентите што мислат за демократијата и повеќепартиски систем во Кина. На тоа следел одговор: „Тоа овде сѐ би дестабилизирало. Не, ние остануваме на Комунистичката партија, зашто и нам материјално ќе ни биде добро“.

Како можат да паднат диктатурите

Една диктатура функционира сѐ додека се стабилни и во рамнотежа овие три столбови, вели Стифес. Деновите на еден авторитарен режим се избројани кога народот ќе се побуди против репресиите. Или кога кооптацијата веќе не помага за соучество во власта, туку само ја поттикнува корупцијата. Или, ако некој диктатор ненадејно умре, а прашањето за негов наследник не е разјаснето.

Кристоф Стифенс истакнува дека резултатите на научната студија во никој случај не можат да предвидат крај на некој диктатор: „Тоа не можеме да го прогнозираме. Но, можеме барем да кажеме – под вакви или онакви околности можноста за пад е поголема од претходно“, вели политикологот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.