Published: Wednesday, September 18, 2013 14:22
Грчкиот весник „Катимерини“ според владини извори од Атина, пишува дека не постои никаква вмешаност на некој грчки функционер во акцијата „Шпион“ и ја сметаат за фабрикувана.
Скопје се обидува да ја вмеша Грција во шпионажа, пишува Катимерини.
Објавувањето на шпионската афера со неофицијалното спомнување на Грција „го подигна термометарот на антихеленизмот во Македонија, а опозицијата аферата ја смета за „операција за сеење страв меѓу граѓаните во државата“.
-Неофицијално се пренесува дека еден од затворените честопати се состанувал на Халкидики со луѓе на грчката тајна служба – објавува влијателниот грчки весник „Катимерини“.




