Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Финансиите на партиите под закрила на институциите

0
By Нова ТВ on September 18, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 18, 2013 15:14

До кога финансиите на политичките партии ќе бидат „заштитена мечка“ во Македонија?

Транспарентност Македонија остро реагира на одлуките на Вишиот Управен Суд на РМ со кои го ограничува правото на слободен пристап до информации за финансиите на политичките партии.

Прашањата кои беа предмет на барања за слободен пристап до информации од јавен карактер се однесуваа за финансирањето на политичките партии за парламентарните избори од 2011 година во периодот кога политичките партии сѐ уште беа иматели на информации според Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.

Решенијата на Комисијата со кои првично беше одбиен пристапот до овие информации беа оспорени пред Управниот суд на РМ но, и од Управниот суд на РМ наидовме на потполно исто стојалиште како и она на Комисијата, односно сите тужби поднесени пред Судот беа одбиени како неосновани.

Ваквото рестриктивно толкување беше обжалено пред Вишиот управен суд на РМ, со надеж дека токму овој суд ќе навлезе во суштината на управната работа која ја решава и ќе заземе поинаков став во насока на заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.

Но, стојалиштето на Вишиот управен суд на РМ е дека не е повреден законот на штета на барателот на информацијата и не е скратено правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, од причина што јавноста и транспарентноста на работењето на политичките партии било сосема доволно обезбедена преку одредбите од Законот за финансирање на политичките партии според кои истите имаат обврска сите информации за своето финансиско работење да ги доставуваат до надлежни државни институции или на своите веб страници, па следствено на тоа, имателите треба своето барање да го адресираат до државните институции.

Од целокупната постапка јасно се заклучува дека (не)транспарентноста на финансиите на политичките партии остануваат под закрила на институциите на државата и дека правото на слободен пристап до информации во делот на финансирањето на политичките партии останува ограничено.

Прашањето за (не)отвореноста и (не)подготвеноста за соработка на одредени државни
институции кога станува збор за остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер ќе биде детално разработено во анализата која ќе биде продукт на проектот “Транспарентност во финансирањето на политичките партии” спроведуван од Транспарентност Македонија во соработка со Фондацијата Отворено општество – Македонија преку која ќе се увидат слабостите на примената на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер кога станува збор за сензитивно прашање како што е финансирањето на политичките партии.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.