Двајца браќа од скопската општина Сарај добија 30 дневен притвор за злосторничко здружување, изнуда, неовластено производство на дроги, предизвикување на општа опасност, неовластено држење на оружје и спречување на службено лице во вршење на службени дејствија.
Тие се осомничени дека по барање на лихвари, формирале злосторничко здружување за да наплатат наводни долгови, а за што добивале по 8 проценти од целосниот долг. Во групата освен двајцата браќа од Сарај биле вклучени уште шест лица, од Скопје, Струга, Велес и од Неготино. Со пријавата на МВР се опфатени и лихварите кои ги ангажирале браќата.
За да извршат наплата на наводниот долг, групата се заканувала, ги уценувала должниците, а дел од нив морале да се откажат и од своите автомобили кои ги подарувале на групата како наплата на долгот.
При претсресот во домовите на осомничените но и на други локации пронајдени се четрири пиштоли, пушка, куршуми, четири возила, 48 000 евра и хероин.
https://www.facebook.com/makedonskapolicija/videos/2072312133098224/?t=17





