Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Наместо МВР – ОЈО ќе одлучи за што ќе се гонат напаѓачите на Саздо

0
By Нова ТВ on July 9, 2018 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: Фејсбук профил на Никола Саздовски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 9, 2018 15:54

Наместо полицијата, Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО Скопје) ќе одлучи за кое кривично дело ќе одговараат напаѓачите што до смрт го претепаа членот на навивачката група „Комити“ Никола Саздовски. Ваквиот тек на случајот доаѓа по кривичната пријава што МВР ја поднесе до ОЈО Скопје според која напаѓачите требаше да одговараат за кривично дело „Насилство“ но тогаш Саздовски иако во кома сѐ уште беше жив.

„Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против тројца осомничени сите од Скопје. По преземените мерки, прво и второпријавениот веќе се во притвор. Ќе замолам да не гледате етничка позадина, која многу често се користеше во минатото. Насилникот е насилник, ќе одговара, постојат закони, правната држава функционира“, рече Ангеловски.

Тој информираше дека целокупниот доказен материјал е предаден на надлежното Основно Јавно обвинителство Скопје (ОЈО Скопје).

https://www.youtube.com/watch?time_continue=6&v=kCTW9zRFxu8

Со тоа, велат од МВР нивната работа е завршена и дека сега обвинителството е тоа кое треба да го преквалификува кривичното дело со оглед на тоа што во овој случај, насилството, (кривично дело за кое МВР поднесе кривична пријава) е проследено со смртна последица. Од полицијата уште велат дека тие би се вклучиле дополнително само доколку обвинителството тоа го побара од нив.

Од ОЈО Скопје пак за НОВА ТВ велат дека обвинителството започнало истражна постапка за утврдување на фактите во овој случај.

„Донесена е Наредба за спроведување на истражна постапка против три лица за сторено кривично дело Насилство од член 386 став 6 во врска со став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Во ова кривично дело, во ставот 6 е нормирана и  настаната тешка телесна повреда или смртна последица од извршеното кривично дело насилство. Надлежен јавен обвинител денеска донесе и Наредба за вршење на обдукција на починатото лице. ОЈО Скопје по прибирање на релевантниот доказен материјал, негово проучување и анализа ќе донесе јавно обвинителска одлука во која ќе утврди и правна квалификација на стореното дело“, велат од ОЈО Скопје.

Смртта на Саздовски ги скара ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Саздовски кој почина утрово на една од скопските клиники беше причина за кавга помеѓу двете најголеми партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Во соопштението испратено до јавноста ВМРО-ДПМНЕ вели дека дека во последната година Скопје е небезбеден град за живеење и побара оставка од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

„Овде не станува збор за насилство туку како што видовме за брутално убиство. Очигледно Оливер Спасовски е неспособен да биде на чело на МВР. Згасна животот на едно младо момче. Треба да се замислиме сите граѓани и да му погледнеме во очи на проблемот, а тоа е дека Спасовски и СДСМ не се способни да ги заштитат сите граѓани. Денес бил Никола Саздовски, утре можеби да биде нечие друго дете. Спасовски во најмала рака мора уште веднаш да си поднесе оставка“, пишува меѓу другото во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ пак, повикаа на смиреност кај сите граѓани и реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ ја оцени како злоупотреба на смртта на Саздовски.

„Паничните обиди на ВМРО-ДПМНЕ, со лажни вести и сеење неосновани обвинувања да подгрева тензии, говори за немањето свест и совест во самиот врв на оваа партија. Како што е и јавно познато, МВР го расчисти случајот за еден ден и брзо ги пронајде осомничените. Лицата се во притвор и очекуваат соочување со одговорноста. Случајот и квалификацијата на кривичното дело е во рацете на надлежното Обвинителство. Очекуваме, низ транспарентна, законска и институционална постапка виновниците за овој чин да сносат одговорност согласно законите на Република Македонија“, пишува во реакцијата на СДСМ.

На 29 јуни 2017 година на автобуска постојка во Скопје три момчиња со дрвени палки го нападнале Никола Саздовски кој по десет дена поминати во кома утрово почина на една од скопските клиники.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.